СДСМ: Левица повеќе не крие дека е руска партија

Сподели:

Димитар Апасиев се сретна со Генадиј Зјуганов, претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација. Човек од црната листа на Америка. Договорија продлабочување на соработката.

Нема повеќе маски. Нема „автентична левица“. Има средба со шефот на руската партија што ја поддржува војната, што ги брани интересите на Кремљ и што работи против НАТО и ЕУ. Во земја членка на НАТО, со стратешки партнер Америка, со над 80% поддршка за евроатлантскиот пат. Левица не е опозиција. Левица е сателит. Таа е Спутник на Мицкоски. Анти-ЕУ, анти-НАТО, анти-Америка, реагираат од СДСМ.

Не гласаа за зголемување на минималната плата. Седат на маса со платформата што ги бара клучевите од СДСМ. Сега и официјално седнаа со Зјуганов.

Граѓаните гледаат. Партија што се колне во работнички права, а излегува од собраниската сала кога се гласа за повисока плата.

Партија што се колне во суверенитет, а се среќава со рускиот шеф. Истото далечинско што го држи и Мицкоски.

СДСМ не седи на таа маса. Народот не седи на таа маса. Русија не е иднина на Македонија. Иднината е ЕУ и закони кои важат за сите.

Сподели: