Претседателот на Собранието Африм Гаши по повод Денот на Власите, во име на Собранието на РС Македонија и во негово лично име, упати најискрени честитки до сите припадници на влашката заедница.
“Овој ден претставува посебна можност за афирмирање на вредностите на соживотот, меѓусебното почитување и зачувувањето на културниот и јазичниот идентитет на сите заедници. Влашката заедница била и останува важен дел од културниот мозаик на нашата држава.
Собранието останува посветено на унапредувањето на правата на сите етнички заедници, во духот на еднаквост, толеранција и почитување на различностите.
Честит Ден на Власите! “


