Алтернатива Настани

Се одржа 51. Светска Галерија на карикатури Скопје 2019

Сподели:

 

Се одржа 51-та Светска Галерија на карикатуристи Скопје 2019, на која беа наградени Мојмир МИХАТОВ, Хрватска – Гран при
Шахрох ХЕЈДАРИ, Франција – Прва награда
Лук ДЕШИМАКЕР, Белгија – Втора награда

На 51-то издание на СВЕТСКАТА ГАЛЕРИЈА НА КАРИКАТУРИ Скопје 2019 се пријавија: 231 карикатуристи од 58 земји со 635 карикатури.

За процесот на селекција беа задолжени селекторот – Мице ЈАНКУЛОВСКИ, Н. Македонија и интернационалното жири во состав: Дарко ДРЉЕВИЌ – Црна Гора, Норберт ИПЕРЗИЛ – Белгија, Саед САДЕГИ – Иран, Владимир БОРОЈЕВИЌ – Македонија, Корнелија КОНЕСКА – Македонија.

 

Хуле ХАНУШИЌ, Австрија – трета награда, Константин КАЗАНЧЕВ, Украина – трета награда, Милета МИЛОРАДОВИЌ, Србија – трета награда, Шаман ТОРАБИ, Иран – трета награда, Фуркат УСМАНОВ, Узбекистан – трета награда.

 

Јордан ПОП-ИЛИЕВ – Награда ЦИЦО (за македонски карикатурист)

 

ПОСЕБНИ НАГРАДИ: Олег ДРАГАЧОВ – Канада, Ратко МАРИЧИЌ – Хрватска, Петер НИВЕНДИЈК – Холандија, Анатолиј СТАНКУЛОВ – Бугарија, Павел СТАНЧИК – Полска

Oд страна на селекторот беа избрани 115 карикатуристи чии дела ќе бидат претставени во каталогот и од кои интернационалното жири одбра 45 финалисти, а потоа ги додели наградите на карикатуристите.

 

Изложбата на делата од селектираните автори и доделувањето на наградите на оваа, 51-ва СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА НА КАРИКАТУРИ Скопје 2019 и на следната 52-та СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА НА КАРИКАТУРИ Скопје 2020 ќе се одржи во септември 2020 година, на централната прослава по повод 75 години ОСТЕН (1945 – 2020).

Сподели: