Сè поголем интерес за збирката раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска

Сподели

 

И седум години по објавувањето, интересот за збирката раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска не само што не се намалува туку добива на интезитет.
 
На 8 март објавен е германскиот превод во издание на ЗУРКАМП, можеби најреномираната издавачка куќа што го покрива германското јазично подрачје и со тоа МОЈОТ МАЖ е достапна за читателите во Германија, Австрија и Швајцарија. Наскоро се очекува и францускиот превод во издание на Галимар, издавач со богата и долга традиција.
 
МОЈОТ МАЖ е објавена и во САД, Велика Британија, Ирска, Италија, Унгарија како и во сите земји од поранешна Југославија каде што Бужаровска се доживува како една од најголемите регионални ѕвезди во книжевноста.
 
Во Македонија МОЈОТ МАЖ има 6 изданија, а неодамна Или-Или го објави и првиот превод на албански јазик.
 
Според мотивите од овие раскази поставени се и истоимените претстави на сцената на Драмски театар од Скопје во режија на Нела Витошевиќ, на сцената на Словенско младинско гледалишче од Љубљана во режија на Ивана Ѓилас, а за 30 март е закажана премиерата во Југословенско народно позориште од Белград во режија на Јована Томиќ.