Села најави сојуз на албанските општини

Сподели

Алијанса за Албанците вчера одржа централен митинг на плоштадот Скендербег во Скопје.

Лидерот на партијата, Зијадин Села рече дека Алијанса за Албанцте е партија која што ќе им го врати достоинството на Албанците во Македонија и најавува дека токму неговата партија ќе биде најголемата во албанскиот политички блок.

Села пред присутните се пофали дека токму тој е заслужено што Талат Џафери денеска е претседател на Собранието на Република Македонија, додавајќи дека по локалните избори албанскиот јазик ќе се употребува на целата територија на државата.

Лидерот на Алијанса за Албанците упати апел за мобилизирање и најави сојуз на албанските општини.