Изјави Македонија

ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА – ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ

Сподели:

pavle-bogoevski

Уставниот суд продолжува во својата улога на instrumentum operandi на бандата на власт. Иницијативата за СЈО не е поставена на утрешниот дневен ред на Судот и се уште нема информација кога би била. Груевски и неговото злосторничко здружение со години го користат судот само како алатка за извршување кривични дела. По дефиниција, instrumentum operandi е секој предмет, алатка или сретство со кое сторителот се служи при подготвување, извршување и/или прикривање на кривичното дело.

Груевски само го подигна нивото на играта.

Доколку некое позитивно законско решение му е пречка за да стори нешто што инаку би било нелегално, Груевски преку „независната“ институција Уставен Суд едноставно ќе го укине или поништи и неговиот криминал магично ќе потпадне во сферата на „во согласност со Уставот и законите“. Тоа што Уставниот Суд го прави во овој случај, се вика подготвително дејствие за вршење кривично дело.

Ако им треба некое законско решение кое ќе им овозможи да сторат нешто што инаку би било кривично дело, тие ќе си го донесат законот, а уставниот суд, повторно како „независна институција„ ќе ја чува евентуалната иницијатива во фиока додека делото не е завршено. Дури потоа, ќе ја укине (но не и поништи) одредбата и ќе глуми дека сепак на крајот ја спровело правдата. Тоа што Уставниот Суд го прави во овој случај, се вика дејствие на соучество во вршење кривично дело.

И на крај, Груевски секогаш може да го искористи Уставниот Суд да го укине СЈО или да ги врати аболициите на сила. Овде веќе Судот не може да глуми „независна“ институција, но во овој момент влогот е премногу висок за Груевски да се загрижи за репутацијата на некоја си бедна и безначајна институција како што е највисокиот суд во државата. Со тоа, Уставниот Суд го оневозможува прогонот и ефективното санкционирање на оние кои би биле прогласени за виновни. Тоа е дејствие насочено кон намалување или елеминирање на кривично правните последици на кривичното дело и се вика дејствие на прикривање на кривичното дело.

Епа, дами и господа Судии на фамилијата… На кого овде треба да му/и се суди?

‪#‎ШаренаРеволуција‬ ‪#‎Протестирам‬ ‪#‎Protestoj‬

Фејсбук статус на активистот Павле Богоевски – дел од Шарената револуција

Сподели: