Шефот на обезбедувањето на Мицкоски ќе биде отстранет и без работен ангажман

Сподели

 

Споменатото лице за кое медиумите известуваат дека било дел од инцидент е ангажирано како дел од обезбедувањето, но истото не е шеф на обезбедување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. 

Од она што ни е познато станува збор за лична нетрпеливост меѓу двајцата полициски службеници.

По ваквиот настан, истото ќе биде отстрането од обезбедувањето и нема да има никакви работни ангажмани поврзани со Претседателот на партијата, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Бараме органите, без задршка да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секaков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот.

ВМРО-ДПМНЕ, соопштение