Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Шекеринска: Органите да дадат одговор кој го информираше Мијалков и го овозможи неговото бегство?

Сподели:

 

Барање на политичка, но и кривична одговорност од поединци, кои придонеле и дозволиле да побегне поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, најави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа смета дека одговорноста треба да се бара и во извршната власт и кај правосудните органи и смета дека за најновиот скандал не смее да има прогледување низ прсти.

„За ова бегство ниту владата, ниту институциите, сите ќе бараме одговори, сите ќе бараме решителна акција од страна на сите повикани институции и ќе бараме одговорност. Затоа што веќе прашањето е како државата да ги одбезбеди луѓето кои бегаат да се соочат од правдата. Органите да дадат одговор кој ја достави информацијата, кој го информираше Мијалков и го овозможи неговото бегство. Мислам дека и двете работи и двете очекувања се оправдани и ние очекуваме одговор. Кога велам ние, зборувам за извршната и за правосудската власт, кои за овие прашања не можат ниту да молчат, не можат ниту да бегаат од одговорност“, рече Шекеринска.

Министерката рече дека одговорност ќе се бара кај сите органи кои што потфрлиле, па ќе се бара и кривична одговорност.

„Ќе бараме политичка, но кај некои луѓе, ќе мора да бараме и кривична одговорност. Ова не се случило само поради некој превид. Очигледно некој од малкумината кои што знаеле, ја споделил таа информација со човекот кој требаше да се соочи со правдата. Ова покажува дека на луѓето кои долги години чекаме да им завршат судските постапки стануваат свесни дека нема игра со овие правни прашања, со правната државата. Заради тоа што не очекуваат дека некој ќе им прогледа низ прсти. Апсолутно сме свесни дека и наша, и државна и на правосудните органи е обврска да реагираме, да одговориме и да носиме одговорност“, изјави Шекеринска, во текот на денешната посета на полигонот Криволак

Американската амбасадорка Кејт Брнз беше воздржана одговорајќи на новинарското прашање за коментар за бегството на Мијалков.

„Ја следиме состојбата и она што се случува на терен. Имаме информации од Владата и ќе продолжиме да ја следиме состојбата. Оваа е ситуација што е во тек, за сите ваши прашања би ве упатила до Владата, од каде и ние добиваме информации“, беше кратка амбасадорката Брнз.

Шекеринска и Брнз денеска беа во посета на армискиот полигон „Криволак“, каде беа во брифирани за претстојната вежбата „Одлучен удар – 21“. Вежбата е планирана за периодот од 17.05 – 02.06.2021 година на армискиот пологон „Криволак“ и на неа предвидено е да учествуваат околу 2.000 припадници од армиите на САД, Грција, Бугарија и од Македонија.

Сподели: