ШОК на Сан Сиро – Две големи ѕвезди на Милан го напуштија клубот!

Сподели

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума ги напушти росоњерите и потпиша повеќегодишен договор со Пари Сен Жермен!

Утрово првиот голман на италијанската репрезентација под надзор на лекар од Париз изврши лекарски прегледи во таборот на италијанската федерација во Фиренца, а потоа го потпиша договорот до 2026 година.

По завршувањето на Европското првенство, тој ќе биде официјално претставен на „Паркот на принцовите“.

Донарума пристигнува во ПСЖ како слободен агент, бидејќи неговиот договор со Милан истече овој месец. Италијанскиот клуб сакаше да ја продолжи соработката со одличниот голман, но Донарума реши да ја промени средината.

Уште една ѕвезда на Милан потврди дека го напушта клубот. станува збор за турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу кој договорот му истекува овој месец.

Двете страни по долги преговори не успеаја да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката. 

Интересно е тоа дека Хакан веќе се договорил со градскиот ривал на Милан, тимот на Интер!

„Постигнав договор со Интер. Утре одам да го потпишам договорот“, потврди Чалханоглу.

Интер му понудил тригодишен договор тежок 5 милиони евра плус 1 милион бонус по сезона.

The post ШОК на Сан Сиро – Две големи ѕвезди на Милан го напуштија клубот! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico