ШПАНИЈА: На референдумот 90 % гласале за независност на Каталонија

Сподели

Деведесет отсто од гласачите на референдумот во Каталонија гласаа за независност на овој регион од Шпанија, покажуваат прелиминарните резултати од гласањето кое Шпанија го прогласи за илегално.

Портпаролот на регионалната влада на Каталонија, Жорди Турул изјави дека 90 отсто од 2,26 милиони Каталонци кои гласале, заокружиле „да“ на гласачките ливчиња за независност.

Според него, речиси осум отсто од избирачите ја отфрлиле независноста, а остатокот на гласачките ливчиња бил празен. Се пребројуваат уште 15.000 гласачки ливчиња.

Вкупниот број на гласачки ливчиња не ги опфаќа оние коишто ги конфискувала шпанската полиција во текот на насилните упади во неделата со цел да го запре гласањето.

Во полициските напади беа повредени најмалку 884 граѓани и 33 полицајци .
Каталонските власти наведоа дека шпанската полиција затворила 319 од околу 2.300 избирачки места каде можеа да гласаат вкупно 593 милиони избирачи.