ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Во понеделник, во Македонија, ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а на повеќе места повремено ќе биде значително облачно. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 15 до 23 Целзиусови степени. Во Скопје слично време со максимална дневна температура до 21 степен.

Следува период на сончево време со умерена облачност. Утрата ќе бидат свежи, а во текот на денот ќе биде потопло со температури кои ќе бидат околу просекот за овој период од годината.

Услови за слаб локален дожд ќе има во среда, кога ќе дува и умерен северен ветер.