Сиљановска-Давкова: Честит Курбан бајрам

Сподели:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи и до сите верници од исламска вероисповед.

Во честитката Претседателката на сите верници од исламска вероисповед, им упати искрени честитки по повод големиот празник Курбан бајрам, со желба, да го поминат во мир, радост и семејна благосостојба.

“Во свет обременет со неизвесност, недоверба, отуѓеност и ослабено чувство на заедничка припадност, големите празници имаат силна духовна димензија и моќ.

Курбан бајрам, преку својата длабока симболика на дарување и пожртвуваност, упатува на вредности, важни за моралната зрелост на заедницата: човечноста, емпатијата, солидарноста и одговорноста кон другиот. Токму во способноста да се зачуваат и да се изразат љубовта и грижата за ближниот, дури и во мигови на разлики и предизвици, се препознава и се мери интегрираноста на општеството.

Само преку разбирање, заемно уважување и култура на почит, различностите можат да бидат предност, а не слабост, да станат мост, а не препрека, да прераснат во единство, надминувајќи ги поделбите.

Честит Курбан бајрам.”

Сподели: