Силјановска: Не победив јас, победивте вие

Сподели

Власта мора да извира од народот, од вас, да биде за вас и секогаш да биде до вас. Оние што го забораваат тоа, си заминуваат. Вие, во првиот круг ја дадовте довербата за мене, за нас, за оние што ме предложија, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ,,Твоја Македонија”.

Првиот круг го трасираше патот, јас очекував победа зашто одбрав вистинско друштво, тоа вистинско друштво ме одбра мене, ама вие нè одбравте во првиот круг. Изборот е јасен, нема човек во Македонија, дури нема ни дете кое не сака да биде гордо на својата татковина. Тие не се горди на својата татковина бидејќи сојузот што го направија со ДУИ, а ДУИ е синоним за бизнис политика, за купопродажба, за корупција и криминал, не е народен сојуз, туку е сојуз против народот. Затоа треба да си заминат, ама вие треба да ги испратите! Она што се случи со другите што сè уште се на власт ние го нарекуваме: власт на заминување, делегитимирана власт, однародена власт. Резултатот 2:1 јасно покажува кому му верувате и со кого сте, тоа нас нè охрабрува и затоа сигурна сум дека ќе бидете со нас и до нас и на 8 мај. Без вас не ни вреди никаква власт!

ИЗБОРИ 2024, Гордана Силјановска Давкова