БЛОКИРАНИ ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ КОН ГРЦИЈА

Сподели

7 DENA 23.05 1

Поради штрајк на грчките цариници, викендов беа блокирани за сообраќај сите гранични премини кон Грција.

Од граничните служби соопштија дека преминот на товарни возила бил целосно запрен, а патничките автомобили и автобуси биле пропуштани само повремено на секои два часа.

Тридневниот генерален штрајк заврши, а беше организиран од страна на федерацијата на грчките цариници, во знак на протест против новиот пакет мерки за штедење на грчката влада.