ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи (локално над 25л/м2) кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Температурата ќе се движи од 0 до 10 степени.

 

 

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд, а во делови од котлината ќе има и повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.