Вести Македонија Став Ударни вести

Симовски: Сè уште сум оптимист дека законот за попис ќе се донесе пред изборите

Сподели:

 

“Пописот обезбедува огромен фонд податоци што на општеството му се исклучително битни при градењето стратегии и политики на развој, а недостигот на информации не ви дава можност за квалитетно планирање на која било активност. Веројатно нивото на инвестиции во земјата е такво какво што е бидејќи потенцијалните инвеститори немаат податоци. Пописот е битен бидејќи опфаќа сè и ги собирате информациите за сите релевантни единици, додека другите статистички истражувања во принцип се базираат на репрезентативен примерок. Кога се работи со примерок секогаш постои ниво на статистичка грешка. Рамката од која ние го влечеме примерокот е стара 18 години и колку е квалитетен тој примерок е веќе прашање”, вели во интервју за МИА директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

Изминатава 2019 година е многу интересна за ДЗС, не само поради интензивните подготовки за пописот, туку и големиот број активности за градење на целиот статистички систем во земјата.

– Две илјади и деветнаесетта година ја посветивме на европската агенда, односно интензивно работевме на достигнување на стандардите што ги има поставено европската статистика во моментот. Во овој период се обрна најголемо внимание на градењето на капацитетите на Заводот, во смисла за покачување на нивото на знаење во областа на статистиката, во спроведување на постојните истражувања и постигнување повисоки стандарди со нив, но и воведување повеќе нови истражувања што досега не сме ги спроведувале, а се некое ниво што има потреба, вели Симовски.

Целото интервју на дирекотрот на ДЗС, Симовски  за МИА прочитајте го тука

Сподели: