Мециновиќ: Уставниот суд сака да го потврди авторитаризмот на власта преку Изборниот законик

Сподели:

„Најголемата опасност денес е дека Уставниот суд ќе ни потврди дека може да имаме нерамноправни услови за настап на изборите. Денес, Уставниот суд може да го погази начелото на рамноправност на политичките субјекти и да го погази начелото на плурализмот во Република Македонија, изјави на денешната Прес-конференција пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, пред денешната седница на Уставниот суд по иницијативата на Левица за оценување на уставноста на одредбите од Изборниот законик.

“Јас како Амар Мециновиќ, како човек и граѓанин на Република Македонија, кога настапував на последните избори, моето пасивно избирачко право беше повредено. Јас како кандидат добив нула денари на минатите избори.

И ВМРО-ДПМНЕ денеска, и во изминатиот период, тоа што пробува да го наметне кога ние зборуваме за Изборниот законик, дека Левица бара финансирање – не. Левица бараше и бара рамноправен пристап до медиумскиот простор. До рекламирањето на порталите и рекламирањето на билбордите. Тоа не е грев.

Ако го потврдиме овој преседан, ова значи дека секоја идна партија која сака да им ги помати сметките на партиите на олигархијата ќе може да добие ваков третман. Денеска се поставуваат преседани кои се опасни по нашата демократија,“ додаде Мециновиќ од Левица.

Сподели: