Спорт

Синиша Михајловиќ останува во Италија, потпиша со Торино!

Сподели:

Синиша Михајловиќ останува во Италија и од следната сезона ќе биде прв тренер на калчолигашот Торино.

михајловиќ

Михајловиќ на клупата го наследи Џампјеро Вентура кој по ЕУРО 2016 најверојатно ќе биде назначен за селекторт на италијанската репрезентација.

Српскиот стратег, тренерската кариера ја започна како асистент на Роберто Манчини, а потоа во Серија А предводеше пет екипи: Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампродија и Милан.

Минатото лето тој пристигна во Милан, клубот вложи околу 100 милиони евра во засилувања, но не успеа да ја оствари целта, односно да се пласира во Лигата на шампионите, поради што на 12. април доби отказ.

Торино пак сезоната ја заврши на 12-та позиција со 12 победи, 9 нерешени и 17 порази.

The post Синиша Михајловиќ останува во Италија, потпиша со Торино! appeared first on Спорти.


Source: Sporty

Сподели: