Алтернатива Настани

“Сите на оро”: Продажна изложба и изведба на песни и ора со “Доза среќа”

Сподели:

 

Дневниот центар „Доза среќа“ утре, на 17 септември во Парк на Франкофонијата го организира интерактивниот настан со децата со Даунов синдром, „Сите на оро“.

Продажна изложба на изработките и традиционална храна за дегустација- проект поддржан од Министерство за Култура -Учиме, се дружиме, донираме, каде ќе бидат претставени народни носии и кукли-марионети во народни носии.

Посетителите ќе можат да си ги испробаат вештините со водење кукла – марионета. Групата за фолклор ќе изведе неколку песни и ора.

Тимот кој работи со Д-р Драган Јованов ќе го понуди чајот за имунитет (кој се закити со златен медал на светски натпревар) на дегустација на посетителите.

Сподели: