Posted onAuthorКоментарите се исклучени на „Сите за МКЦ“ – Борбата за МКЦ не престанува
Сподели:
Движењето „Сите за МКЦ“ објави писмо со барања во врска со Младинскиот културен центар, во кое тие бараат да има регуларен конкурс за избор на директор на институцијата.
Целта на акцијата е да се покаже континуираното незадоволство од одлуките на Град Скопје, како и континуираната подршка на МКЦ од граѓаните.
фото ФБ, Сите за МКЦ
“Доставени се и физичката и онлајн петицијата за зачувувањето на МКЦ во Архивот на Град Скопје. Но, не е тоа доволно. Треба сите директно да им го изразиме нашето незадоволство со тоа што се случува со МКЦ на тие кои ја држат судбината на МКЦ во нивните раце – советниците на Град Скопје.
На линкот погоре може да најдете документ со сите мејл адреси на советниците на Град Скоје, како и мејл кој може да го ископирате и испратите до нив во кој ќе го изразиме нашето незадоволство. Не смееме да дозволиме нашиот глас да остане нечуен!”, апелираат од Движењето „Сите за МКЦ“.
Сите за МКЦ е неформално движење на музичари, уметници и засегнати граѓани кои се борат за зачувувањето и фер финансирањето на Младинскиот Културен Центар во Скопје.
Екипата на ТВ21 има ексклузивни снимки од акцијата која ја спроведе МВР заедно со лица од Министерството за здравство. Министерот Венко Филипче потврди дека двајцата пациенти се во хотелската соба и со нив во тек е интервју. Земени се брисеви и за неколку часа резултатите ќе бидат готови. Едниот е од Сингапур, другиот од Австралија и во […]
Трагедијата што се случи во Куманово на 9 мај минатата година има архитект и сето тоа е направено за пари, изјави на денешното рочиште за „Диво Насеље“, обвинетиот Деме Шеху, дополнувајќи ги воведните зборови на својот адвокат. Тој додаде дека тие во населбата биле шест дена и за тоа време, како што рече, ниту Абанци, ниту […]
Шоуто на Вивалдиано со повеќе од 60 музичари, танчери и наратори, прв пат ќе биде изведен во Македонија и тоа на 4. август на сцената на Античкиот театар во Охрид. Вивалдиано е 3Д музички проект, составен од реномирани музичари од различни стилови со внимателно доделени улоги, кој e шарена мешавина на современата музика која се […]