Skopje Dance Theater со онлајн претстави

Сподели:

 

Скопје танцовиот театар секој ден со почеток во 18 30 часот, ќе емитува претстави во сопствена продукција, од архивата со која располага, со цел да допре до публиката и сите љубители на танцот.

Од 18.30 часот денеска ќе бидат прикажани претставите „w r o n g” и „Sketch” во кореографија на Адријана Данчевска.

Во наредните три дена во истиот термин публиката ќе има можност да ги гледа и: „Луцидниот Јос“ во кореографија на Дејан Битровски и „Котел“ и „Егзистирање“ на Рисима Рисимкин (25 март); „Ноември“ и „Flesh and bone” на гостинот кореограф Симон Кубан од Чешка (26 март) и „Идентитети“ во кореографија на Рисима Рисимкин (27 март).

Претставите се во изведба на танчари од театарот и Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Емитувањата ќе бидат преку Јутјуб каналот на Skopje Dance Theater.

Сподели: