СмартАп со проект „ЕДУИНКЛУЗИЈА – Иновираме за секое дете“

Сподели

 

SmartUp – Social Innovation Lab Ве повикува да бидете дел од уште една наша активност во рамки на проектот „ЕДУИНКЛУЗИЈА – Иновираме за секое дете“.

На 4 ноември, тимот на СмартАп спроведува креативна работилница под насловот „Креираме заедно за подобра комуникација“, наменета за едукатори, родители и деца.
 
Целта на оваа работилница е да се детектираат предизвиците со кои децата се соочуваат при секојдневната комуникација. Затоа, ве повикуваме да се пријавите за да бидете дел од нашата работилница и со своето искуство и знаење да придонесете кон полесно детектирање на комуникациските предизвици на децата.
 
04.11.2023 (сабота), Public Room (Ресторан „Јавна соба“), 50-та Дивизија бр.22, Скопје
10.00-13.00 часот работа со едукатори;
12.00 – 14.00 часот работа со родители и деца.
 
Член од тимот ќе направи селекција и ќе оствари контакт со селектираните личности за понатамошни информации.