Слаткаристика се откажа од државните пари за филмот и порача: Светот ќе го чуе гласот на најтивките

Сподели:

По реакциите во јавноста за доделување средства од Агенцијата за филм, за снимањето на документарен филм посветен на животот на Слаткаристика, јавно на ФБ се огласи Слаткар кој порача дека филмот ќе се снима, ноа без средствата доделени од Агенцијата за филм.

“Деновиве читам секакви коментари и вести. И повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме. Сакам една работа да биде јасна… ниту барав, ниту мене ми се доделени пари.

Поддршка доби документарен филм и еден многу посветен тим кој веќе две години работи на приказна, што преку мојот живот зборува за многу повеќе од мене. И искрено сум благодарен на Комисијата од @filmagency.northmacedonia која ја препозна важноста на оваа тема. Но, не сакам проектот кој зборува за разбирање, прифаќање и поддршка да започне со поделби.

Затоа одлучивме филмот да се реализира без средствата доделени од Агенцијата за филм. Продолжуваме понатаму… Заедно со сите наши поддржувачи, соработници и пријатели на кои сум им неизмерно благодарен. И со најважната поддршка од вас луѓето кои ме сакаат, почитуваат и ценат. Светот ќе го чуе гласот на најтивките! Се гледаме на премиера.” – напиша раперот Марко Маринковиќ – Слаткаристика.

извор/фото ФБ Слаткаристика

Сподели: