Следната недела треба да започне исплатата на депозитите во Еуростандард банка

Сподели

 

Од следната недела треба да започне исплатата на депозитите во Еуростандард банка, на која и беше одземена дозволата за работа, информираат за Телма, од Фондот за осигурување на депозити.

Исплатата ќе се врши преку четири банки, а максималниот износ, колку што е пропишан, може да биде само до 30.000 евра, додека оние кои имаат над 30.000 евра во пропаднатата банка, депозитите ќе ги чекаат од стечајната маса.