Вести Македонија Свет Ударни вести

Словенија го презема претседавањето со Советот на ЕУ од 1. јули

Сподели:

 

Словенија од 1. јули ќе го преземе од Португалија ротирачкото претседавање со Советот на Европската унија. 

По тој повод, комесарите на Европската комисија, предводени од претседателката Урсула фон дер Лајен, во четврток ќе пристигнат во Словенија.

Словенија ќе претседава со Советот на Европската унија под слоганот „Заедно. Отпорна. Европа”. Овој слоган има три пораки, дека клучот за зајакнување на отпорноста на Унијата, е меѓусебната поврзаност, соработка и солидарност.

Програмата за претседателствувањето на Словенија се заснова на четири приоритети – закрепнување и зајакнување на отпорноста на Европа, размислување за иднината на Европа, зајакнување на владеењето на правото и европските вредности и безбедноста и стабилноста во европското соседство.

Во октомври оваа година, Словенија ќе организира самит на лидерите на Европската унија и земјите од Западен Балкан. Поради пандемијата на коронавирус, последните две претседателства, германското и португалското, не организираа традиционална посета на група дописници од Брисел. Сега епидемиолошката состојба во Европа е многу поповолна и словенечката влада одлучи да ја организира таа посета во средината на следната недела.

Ова е второ претседателство на Словенија, која стана членка на Унијата во 2004 година. 

Сподели: