Инвеститорите да обезбедат паркинг место за секое домаќинство

Сподели

 

Општина Центар работи на подобрување на капацитетите за паркирање. Во гостување во Слободна Тв градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски рече дека секоја улица која се реконструира потоа станува резидентна со цел да станарите на истата да имаат каде да паркираат. Герасимовски посочи дека инвеститорите треба да планираат паркинг место за секое домаќинство во станбените објекти кои ги градат, а не да прикажуваат фиктивни паркинг места преку т.н клацкалки.

„Ние се стремиме кон тоа да сите нови згради да имаат сопствено паркирање во сопствена парцела, ги тргаме оние клацкалки за да самите инвеститори не претставуваат фиктивни паркинг места туку за секој стан да имаме паркинг место за секое домаќинство. Дополнително преку иницијативи наоѓаме начин да ги подобруваме законите и да ги менуваме истите и правиме притисок врз министерствата се со цел да се грижиме да секоја педа од општината и дадеме се од себе да цело државно земјиште остане под капата на општината“, рече Герасимовски.

Герасимовски напомена дека со цел да се задоволат потребите на граѓаните за паркинг места особено се внимава на издавањето на дозвола за градби. Општинските инспектори пред секое одобрение излегуваат на терен да ја погледнат локацијата и местоположбата, дали станува збор за градба каде има многу зеленило, или стрмно земјиште и колкав паркинг простор би можело да се обезбеди.