#Смогје: Постер-акција против загадувањето

Сподели

Скопје постер фестивал објави повик за дизјнирање постери во кои ќе се претстави ужасот од енормно загадениот воздух во Скопје.

„1000 лица годишно умираат од загаден воздух!!! Скопје е постојано прогласуван за еден од најзагадените градови во светот. Придружете ни се во општествената акција со наслов #Смогје, преку визуелните пораки и постери да ги разбудиме нашите заспани сограѓани, властите и општата јавност!“, порачуваат од Скопје постер фестивал.

Право на учество има секој граѓанин и може да пријави најмногу по три плакати. Постерот треба да ја промовира дадената тема и да промовира концепт или можно решение. Плакатот мора да го содржи мотото на акцијата #СМОГЈЕ или #SMOGJE. Краен рок за испраќање на идеите е 19 февруари.

Аплицирање ТУКА.