Смртта на 14 граѓани е морална причина за неотповиклива оставка на министрите на ДУИ

Сподели

 

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) расветли многу непознати, но и познати, кои се поврзуваат со пожарот во модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 пациенти.

Овој настан од трагични размери немаше природен епилог, бидејќи никој не ја доби заслужената казна. Никој не беше казнет, затоа што државата е заробена од оние кои немаат совест, затоа што државата ја заробиле недопирливите, кои дури и правдата ја третираат како своја сопственост, а се казнуваат само оние кои се без „мускули“.

Компромитирањето на судството е веќе докажано и преку различни анкети, но и преку реакциите на меѓународниот фактор. Сега дури и птиците знаат кој може да биде казнет, а кој не. Одговорноста на оние што ја контролираат власта е голема и чудно е како сè уште удобно спијат по таа ужасна трагедија во модуларната болница во Тетово.

ИРЛ го објави она што судските органи го премолчуваа, што ја прави трагично-комична фарсата на тетовскиот суд, кој по неколку седници едвај „собра“ сили да ги „изрече“ условните казни. Јасно е зошто е минимизирана одговорноста за катастрофата која за неколку минути ги однесе животите на 14 пациенти.

Оставката е чин кој се поврзува со морална одговорност. Значи тоа е нешто што ја покажува зрелоста и сериозноста на секој поединец кој се согласува да го преземе раководството на државен орган. А што се однесува до условните оставки на министрите од ДУИ кои ги направија за театар, овој настан кој им ги одзеде животите на 14 граѓани е вистинска причина за неотповиклива оставка, за одговорноста што министрите треба да ја сносат пред целата јавност, да го докажат минимумот на моралот во политиката!

Но, неодговорноста стана карактеристика на албанската партија на власт, која многуте страдања и трагедии на Албанците ги одбележува со скапи концерти и забави и без воопшто им поцрвени образот. Всушност, за да поцрвени образот, треба да имаш образ…

Доктор Реџеп Мемеди од Демократското движење