Со културни настани одбележан Денот на независноста во КИЦ Загреб

Сподели:

Амбасадата на Македонија во Хрватска и Македонскиот КИЦ во Загреб со свеченост во Хрватскиот државен архив го одбележаа 8 Септември и 35 години од независноста на Македонија.

Програмата вклучи концерт на хорот „ПРО АРС“, под диригентство на Сашо Татарчевски, како и изложбата „Архивските документи – столб на македонскиот идентитет“ на Државниот архив на Македонија.

На свеченоста присуствуваа македонскиот амбасадор во Хрватска, Драган Ѓурчевски, и директорката на Македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска, како и претставници на институции, дипломатскиот кор и македонската заедница во Хрватска.

Овој месец во Загреб и Хрватска ќе следуваат и други културни настани по повод 35 години независност.

Сподели: