Алтернатива Настани

Со манифестацијата „Мостови” завршија Струшките вечери на поезијата

Сподели:

Директорот на Струшките вечери на поезијата,  Мите Стефоски, му ја врачи наградата на годинашниот лауреат Адам Загајевски, кој е 53-ти добитник на највисокото признание на фестивалот, што се состои од филигрански изработен лавoров венец.

Елизабета Шелева, претседател на Управниот одбор на СВП ја додели наградата „Мостови на Струга“ која Струшките вечери на поезијата ја доделуваат заедно со УНЕСКО за најдобра дебитантска книга од млад светски автор. Добитник на наградата „Мостови на Струга“ за 2018, е финскиот поет Паули Тапио, чија книга „Врапчињата и времето“ беше наградена со ова престижно признание.

Претседателот на жири комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“, Данило Коцевски му ја врачи престижната награда за најдобра поетска книга напишана на македонски јазик меѓу две изданија на фестивалот на Зоран Анчевски за неговата книга „Небесна пантомима“.

Денеска, понеделник 27 август, во 13 часот поетите ќе читаат поезија на Матинето во Матка, а во 21 часот  пред Камениот мост во Скопје ќе се одржи Меѓународниот поетски митинг.

Годинава на Струшките вечери на поезијата учествуваа 30 поети од исто толку земји во светот, како и 50 поети од Македонија.

Сподели: