Вести Свет

Солун и Атина се поврзуваат со експресен воз

Сподели:

 

Од денеска Солун и Атина се поврзуваат со експресен воз, кој времето на патување од над пет часа ќе го намали на четири, јави дописничката на МИА од Атина.

Патувањето од Солун до Атина ќе трае 3 часа и 57 минути, а од Атина до Солун, 4 часа и 10 минути. И во двата правци, возот ќе застанува на две станици.

Цените на билетите остануваат непроменети, 55 евра за прва класа и 45 евра за втора класа, со 20% попуст на повратен билет.

Министерот за транспорт и врски на Грција, Христос Спирѕис во средата беше во експресниот воз на првото пробно возење од Атина до Солун, кога рече дека е историски ден и „нова ера и нови хоризонти за Грчката железница, што ги отвори Владата на премиерот Алексис Ципрас и по 40 години ги заврши електрификацијата на линијата од Атина до Солун и изградбата на двојната железничка линија од 450 километри“.

Сподели: