Вести Македонија Ударни вести

Состанок на министрите за внатрешни работи на земјите од иницијативата „Берлински процес“ во Скопје

 

Денеска во Скопје се одржува Состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите од иницијативата „Берлински процес“, како и претставници на ЕУ, чиј домаќин е Република Северна Македонија, а со кој ќе сопретседаваат министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски заедно со министерот за внатрешни работи на Република Бугарија Христо Терзијски.

За прв пат во историјата на претседавањето со Берлинскиот процес,  годинава имаме заедничко сопретседавање на земја членка на Европската Унија и на земја од регионот од Западен Балкан, што се перцепира како симбол за преземање на поголемо сопствеништво врз процесот од страна на регионот. Инаку, Берлинскиот процес, промовиран во 2014 како иницијатива на германската влада, е единствен процес на највисоко политичко ниво кој исклучиво се фокусира на шесте земји од Западниот Балкан, кои не се членки на Европската Унија и претставува поттик во подготвувањето на овие земји за идното членство во ЕУ, преку справување со некои од клучните структурни проблеми во регионот.

Состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите од иницијативата „Берлински процес“, кој се одржува на тема „Национална, прекугранична и безбедност на луѓето во време на пандемија: стратегија, координација и синергија помеѓу ЕУ и Западен Балкан“, ќе се реализира  преку видеоконференција, во организација на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

Сподели: