Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска го претстави проширувањето на третманот на цистичната фиброза. Современата CFTR-модулаторна терапија сега е достапна за вкупно 126 пациенти, а во 2021 година ја добиваа тројца.
Терапијата ја добиваат сите пациенти што ги исполнуваат медицинските критериуми, почнувајќи од двегодишна возраст, како и пациентите со ретки генетски мутации.
Проширувањето е овозможено со зголемениот буџет на државата и на Фондот за здравствено осигурување и со успешните преговори со производителот Вертекс.
Земјата е дел од Европскиот регистар на пациенти со цистична фиброза и резултатите се следат и се споредуваат со европските стандарди.


