Вести Изјави Македонија Ударни вести

Спасовски: Ги имаме првите податоци од испратените меилови за бомбите во училиштата

Сподели:

 

“Истрагата за вчерашните дојави за поставени бомби во осум скопски средни училишта се во тек.

Ги знаеме првите податоци за тоа од каде се испратени тие меилови и најважно е да успееме да ги откриеме сите ИП адреси од каде доаѓа овој монструозен чин, без разлика дали станува збор за хибриден напад врз Северна Македонија или политички игри, како една од претпоставките”, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

” Никој не смее да дозволи да си игра со судбините на децата и на сите нас. Ова е сензитивна тема и сметам дека без разлика кој го нарачува сето ова треба да има на ум дека не може да се игра со системот и со граѓаните. Ако станува збор за некаква политичка пресметка, таа не смее да се прави врз грбот на граѓаните”, потенцира Спасовски.

Сподели: