Спасовски: Имаме приведено лице кое го призна пожарот на „Ванчо Михајлов“ во Битола

Сподели

 

“Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022), со кривично-правниот настан – пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото”, – напиша министерот Спасовски на својот ФБ профил.
 
Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода.
 
Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот.
 
И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара!, напиша министерот Оливер Спасовски.
 
Пејачот Ламбе Алабаковски е уапсен вчера во вечерните часови со неговиот дом во Битола, објави „Слободен печат“ од извори во истрагата за случајот кој ја возбуди македонската јавност, кога се потврди дека популарниот музичар е уапсен под сомнение дека го потпалил влезот на Центарот за култура Иван Михаилов“ во Битола на 4-ти овој месец.
 
Досега нема официјална изјава или соопштение од министерот Спасовски и МВР, дали се работи за Ламбе Алабаковски.