Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Спасовски: На 4 февруари ќе се знае дали на Џамбаски ќе му биде забранет влез во земјава

Сподели:

 

Владата на вчерашната седница му наложи на Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите мерки за обезбедување на настанот на 4 февруари, согласно препораките од Советот за безбедност, но не кажа дали ќе им забрани влез во државава на еден пратеник од Бугарија во Европскиот парламент и на неколку други лица – државјани на Бугарија поради дејствија што претходно ги преземале и сè уште ги преземаат против нашата држава.

На новинарското прашање, дали бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски ќе биде вратен назад, ако се појави на границата за да присуствува на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари, министерот Оливер Спасовски одговори дека за тоа ќе одлучува тогаш.

– Ќе одлучиме на 4 февруари, изјави министерот Оливер Спасовски.

Премиерот Димитар Ковачевски нагласи дека активностите за обезбедување на мирот и стабилноста се исклучиво надлежност на МВР, и сите мерки за безбедно чествување на 4 февруари, но и дека Министерството може да постапи согласно Законот за странци, односно одредбите кои регулираат кое лице не може да влезе во државата заради активности кои ги нарушуваат меѓународните односи на нашата држава и внатрешниот поредок.

Сподели: