Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Спасовски: Осомничениот побегнал од државата со неговиот адвокат

Сподели:

 

“Осомничениот за убиството на Вања е избеган од Македонија заедно со неговиот адвокат, изјави денеска на прес конференција министерот Оливер Спасовски. Лицето е заминато со возило заедно со неговиот адвокат и заминато во Белград. Од таму заминува во Бугарија следниот ден”, изјави министерот Спасовски.

Главниот организатор и извршител, според досегашните утврдени докази, некаде околу 10 часот ја усмртил малолетничката, исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започната истрага, по првата пријава за исчезнувањето на девојчето.

“Ќе сторам сѐ и јас и институцијата, ова лице, овој монструм, на кого му ја следиме трагата, час поскоро штом стапне на наше тло, да биде изведен пред лицето на правдата” – порача Спасовски.

Сподели: