Спасовски: За првпат 1008 колеги во МВР ќе земат надомест за домашно дежурство

Сподели

 

За првпат 1008 колеги во МВР ќе земат надомест за домашно дежурство, за што во месец јануари 2022 ќе се исплатат 1.400.000 денари. Јануарската исплата ќе биде реализирана заедно со платата за месец февруари, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
 
 
 
 
Со новиот Колективен договор помеѓу Министерството за внатрешни работи и репрезентативниот Македонски полициски синдикат заеднички испишавме историја во синдикализмот во РСМ и го потврдивме слоганот на МПС и МВР дека ‘Само преку дијалог се доаѓа до вистински решенија’.
 
Како раководство на МВР, ја остваривме целта којашто во 2017 година ја поставивме – квалитативно надградување на сите социјални и професионални, нормативни и други стандарди, неопходни за подобрување на условите на работа на вработените, објави министерот Спасовски.