Временска прогноза – Македонија

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне во јужните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Од пладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

 

 

Во Скопје, претпладне претежно облачно, од пладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.