УНИЦЕФ: Македонија е меѓу првите 3 земји со најголем пад на стапка на мртвороденчиња

Сподели

 

Министерството за здравство информира дека според најновиот извештај на УНИЦЕФ, Северна Македонија е рангирана меѓу првите три земји во светот со најголем пад на стапката на мртвородени деца. Нашата земја покажува најдобри резултати во Европа, Северна Америка, Австралија и Нов Зеланд.
 
“Ова е голем успех за меѓусекторската соработка на Министерството за здравство, Клиника за гинекологија и акушерство, УНИЦЕФ, УНФПА и Светската здравствена организација во изминатите три години, со што се овозможи значително унапредување на перинаталната грижа.
 
Значаен придонес кон овој успех има и Комитетот за безбедно мајчинство во нашата земја, под раководство на д-р Ана Данева-Маркова, како и директорката на Клиниката д-р Викторија Јовановска заедно со целиот тим од установата. Сите вработени го даваат својот максимум во грижата и третманот за нашите најмали” – изјави министерот за здравство, Венко Филипче.