Вести Македонија Ударни вести

Средба на министерот Османи со известителот во Европарламентот за земјава Илхан Ќучук

Сподели:

 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе има средба со известителот во Европскиот парламент за Република Северна Македонија, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој е во дводневна посета на земјава.

– Посетата ќе се реализира во пресрет на гласањето за Нацрт-резолуцијата за Република Северна Македонија во Комитетот за надворешни работи во рамките на Европскиот парламент, што ќе биде и централна тема на сите средби. Ќе бидат отворени европските перспективи на земјава, како и севкупните состојби со процесот на проширување на Унијата, информира Министерството за надворешни работи.

Во рамките на посетата на земјава, покрај со министерот за надворешни работи Османи, Ќучук се сретне и со шефот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, претставници на парламентарните групи и со други државно-политички претставници. 

Сподели: