Претставниците од Отсек за превенција од СВР Куманово и Општински совет за превенција, низ централното градско подрачје, спроведоа кампања за заштита на граѓаните од разни облици на измама, односно изнудување на пари со лажни информации.
На минувачите им се делеа печатени соопштенија со дополнителни информации, за зачестените појави на измама, лажно претставување и изнудување на одредена сума на парични средства, во замена за нудење помош на членови на семејство, за кои измислуваат “разни приказни и сценарија” од животна опасност.
Целта на овие активности е да се информираат граѓаните за лажни повици по телефон, да се заштитат и доколку се во можност, да пријават во СВР Куманово, на телефонските линии 192 и 112.


