Средношколци ќе решаваат предизвици за климатските промени

Сподели

 

UPSHIFT програмата го отвара првиот од петте циклуси за развој и поддршка на социјални иновации на средношколски тимови од средниte училишта во државата.

UPSHIFT е програма за социјални иновации која се базира на решавање на потребите на средните училишта и локалната заедница, во делот на климатските промени и заштита на животната средина.

Секој циклус ќе опфати 10 училишни тима од кои 5 ќе добијат менторска и финансиска поддршка од 120000 денари за реализирање на нивната социјална иновација. Во зависнот од темата на циклусот, социјалните иновации треба да разработуваат решенија за една од следниве теми: вода, воздух, почва, оган(енергија) и дигитализација, се вели во соопштението.

Првиот циклус на програмата се фокусира на социјални решенија во сектор ВОДА и ќе се спроведе во периодот март – јули 2022.

Поддршката која ќе ја добијат тимовите учесници во програмата се состои од 10 тима ќе добијат свој ментор кој ќе им помогне да ја развијат својата социјална иновација. За разработување на социјалното решение ќе се користи Design Thinking методологијата за време на тридневна работилница. Тримесечна менторска поддршка за 5 победнички тима кои работат на решение со најголем потенцијал, како и финансиска поддршка од 120.000 денари за имплементација на решението. Еднодневна обука за застапување на 5-те победнички тима, како и презентирање на своите решенија на настан за прибирање на дополнителни финансиски средства за реализација на социјалните решенија.

Поддршка во креирање на план за понатамошен развој и самоодржливост на социјлното решение.

Програмата е наменета за ученици (14-19год.) од средните училишта кои имаат идеја за решавање на предизвик/проблем во нивната заедница. За учество во програмата учениците треба да формираат свои тимови од 5 ученици, и го наведат предизвикот и решението во апликациската форма.

Повеќе за програмата и начинот на аплицирање може да најдете на следниот линк. Информациите на албански јазик се достапни на следниот линк.

Рокот за аплицирање е до 03.04.2022.

Програмата UPSHIFT ја реализира Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) во рамки на проектот „Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Шведска и Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ.