Среќна Баба Марта 2022 – подари мартинкa за здрaвје, љубов и среќа

Сподели

 

Центарот за научно истражување и промоција на културата ХАЕМУС, ја продолжува традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2022“ која се случува по деветти пат и ќе биде отворена за јавноста од 24.02-01.03.2022 помеѓу 12-20ч. на првиот кат во Т. Ц. Лиса во Скопје.
 
Настанот ќе биде реализиран со соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита во време на пандемија. Имајќи ја во предвид фреквенцијата на посетители на претходните манифестации, на сите оние кои имаат желба да набават мартинка за себе и/или да им подарат на своите најмили, им годинава можат тоа да го сторат онлајн, преку сајтот на Групер, а во Т.Ц. Лиса и да дојдат и да ги подигнат подароците.
Локација: настанот на ХАЕМУС каде што ќе можете да најдете мартинки ќе биде поставен на 1. спрат од Т.Ц. Лиса од 12-20ч., помеѓу 24.02-01.03.2022 год.
 
Настанот се состои од неколку компоненти:
– изложба на оригинални рачно изработени амајлии од Македонија, Бугарија и Романија
– изложба на едукативни панели
– продажна галерија со ракотворби
– промоција на креативни читанки и боенки за деца.
 
Во рамките на манифестацијата ќе бидат достапни четири илустрирани читанки за деца за Обичајот „Мартинки“, на македонски, англиски, албански и туриски јазик, како и две боенки за деца на македонски и на англиски јазик. Овие изданија се поддржани од Европската комисија и Советот на Европа, во рамките на програмата „Европски денови на културното наследство“, кадешто проектот „Денот на Баба Марта“ на „ХАЕМУС“ беше избран меѓу десетте најдобри европски приказни во рамките на повикот „Приказни за европското културно наследство 2020-2021“.
 
Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2022“ се прави со поддршка од Т.Ц. Лиса, Градот Скопје, Министерството за култура и приватни донатори под мотото на УНЕСКО за Отворени Образовни Ресурси.
Официјален веб сајт: http://martinki.haemus.org.mk
 
ХАЕМУС – носител на мартинките во УНЕСКО
Со цел да се промовира нематеријалното културно наследство, вклучувајќи одредени заедничките културни обичаи на Балканот практикувани од дамнина, ХАЕМУС во 2013 година го старуваше „Денот на Баба Марта“, проект за заедничките културните традиции на Балканот кој прерасна во традиционална манифестација којашто за 8ми пат ќе се одржи во Скопје. Како дел од овој долготраен проект се настаните кои ХАЕМУС ги празнува секоја година околу 01.03. прославувајќи ги во исто време доаѓањето на пролетта и древната традиција на изработката, дарување и носење на мартинки.
Културните обичаи поврзани со прославувањето на 1 Mарт познати како „Обичајот Мартинки“ станаа дел од светското нематеријално културно наследство и во 2017 година се впишаа во Репрезентативната листа на УНЕСКО. Македонскиот дел од апликацијата помеѓудругото се темели и на поддршката која во писмена форма ја даде тимот на ХАЕМУС, со што ХАЕМУС стана правен носител на ова културно добро од Македонија во UNESCO.
ХАЕМУС ги почитува мартинките како нематеријално културно наследство и ги негува во духот на традицијата, во сите облици и начини кои би придонеле за нивната поширока промоција.
 
„Обичајот Мартинки“: Во одредени делови на Балканот (Македонија, Бугарија, Романија, Молдавија) постои обичај поврзан со првиот ден на месец март. Тој се нарекува „Среќна Баба Марта”. На овој ден се подаруваат рачно направени амајлиии направени од црвен и бел конец. Овие амајлии се познати под многу имиња како: мартинка (Македонија), мартеница (Бугарија), мартишор (Романија и Молдавија). Се подаруваат на најблиските со позитивна порака и се носат на рака како белегзија или закачени на облеката, се додека не расцвета првото дрво или додека не се види првиот штрк/ластовица, кога мартинката најчесто се става под бел камен или пак се закачува на гранка од дрво. Оваа традиција, за која се верува дека има предхристијанско потекло, во себе носи различни верувања пред сé поврзани со заштитата и магијата на црвената и бела боја кои претставуваат здравје и прочистување, но и со одбележувањето на доаѓањето на пролетта и првиот ден од аграрната нова година.
Изработката и поклонувањето мартинки на најблиските е традиција која во Македонија се почитува одмна. На овој ден карактеристични црвени и бели висулци, топчиња и исплетени бразлетни познати како мартинки се разменуваат или се поклонуваат на најблиските, и се носат закачени на облеката или врзани од зглобот на раката. Постојат различни обичаи при традиционалното подарување на една мартинка. Генерално, таа секогаш е со конци од црвена и бела боја меѓусебно испреплетени или исплетени, од кои црвената ја симболизира боја на крвта, а белата на чистотата. Се подарува на 1-ви Март во чест на Баба Марта и се носи околу рака или закачена на облеката се додека расцвета првото дрво. Потоа се закачува на него со желби за сопственото и за добро здравје на своите блиски во тековната година.