Српски воен авион МИГ 21 се урна во близина на границата со БиХ

Сподели

 

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово за време на извршувањето на редовна летачка задача во селото Брасина, во близина на Мали Зворник, соопштија српските медиуми.

Според сведочењето на локалното население, се слушнал силен удар, проследен со чад и оган.

Српското Министерство за одбрана потврди дека паднал МИГ 21. Според нив, авионот се срушил „при извршување на редовна задача на летот“ околу 9 часот наутро.