Ставовите на Пендаровски за 27. април се кристално јасни и не зависеа од средбата со Мицкоски

Сподели

 

Ставовите на претседателот Стево Пендаровски за настаните од 27 април се кристално јасни на македонската јавност и тие воопшто не зависеа од средбата со господинот Мицкоски, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.

Фактот што по вчерашната средба немаше заедничко соопштение, ниту заедничка прес-конференција, јасно покажува дека секој од соговорниците по средбата ги кажуваше само своите ставови и оценки за тие настани.

Инаку претседателот Пендаровски, никогаш во јавноста не коментира детали и барања од своите соговорници, особено оние кои се надвор од темите најавени за разговор, така што тоа нема да го направи ниту овој пат, се наведува во денешното соопштение од Кабинетот на претседателот.