Настани

Стенд ап шоу на Бојан Кирковски во Младинскиот културен центар

Сподели:

 

Вечерва во 20 часот, во Младинскиот Културен Центар, за прв пат на сцената во Кино Фросина, младиот актер Бојан Кирковски ќе настапи со своето стенд-ап шоу со наслов Let’s Get Loud! За шоуто Skopje Comedy велат: Актерот Бојан Кирковски реши да зборува за нихилизмот, алтуризмот и стоицизмот. Но, не разбираше ништо од тоа, па затоа реши да зборува за себе. Повелете, да му се смееме.

 

Шоуто на Бојан Кирковски ќе го отвара актерот Мирослав Петковиќ ака Чика Брко. Лик кој ја кажува својата вистина а дали ќе се насмееш или не, од тебе зависи. Обожава да дискредитира неспособни луѓе на позиции всушност обожава да им прави се, се ама баш се! 

Билетите се по цена од 300 денари и можат да се набават на bileti.mkc.mk или на билетарницата на МКЦ.

Сподели: