СТЕНДАП НАСТАП ВО ЖИВО СО БОЈАН ВЕЛЕВСКИ 26.12.20 ВО 21Ч.

Сподели

 

Дефинитивно најактивниот меѓу стенд-ап комичарите кај нас за време на корона е Бојан Велевски.
Откако летоска го направи првиот стенд-ап LIVE STREAM на Балканот во
организација на ЗЛАТЕН ЗАБ продукција, наскро со втор и тоа пред новогодишните празници.

Насловот на шоуто е “Прирачник за изолација со жена”, a во него ќе бидат сите фори што Бојан ги напишал за машко/женските односи во текот на неговата кариера.
“Темата на шоуто е поврзана со актуелната ситуација. Многу повеќе време сме дома со најблиските. Короната принуди многу брачни парови да поминуваат повеќе време заедно и се чини дека некои не се многу задоволни од тој факт.

Дел од луѓето се во изолација, а и машко/женските односи како тема е супер интересна. Овој приод повторно нема настани, по 21ч. се затворени локалите, па стенд-ап stream ми изгледа како супер опција за разбивање монотонија.” – вели, Бојан.
Искуството, вели е поинакво од се’ што досега го работел, но иако тој лично бил скептик, сепак публиката реагирала позитивно.
“Да. Точно е. Бев голем скептик, но сепак решив да пробам. По настапот, кој беше распродаден, добив пораки дека овој тип на забава функционира супер и дека е многу симпатично.
Добив и еден куп слики од публиката на кои се гледа како некои од нив се
подготвувале посебно за настанот со пијалоци, грицки, голем екран, направиле атмосфера како да се во клуб, а не дома.”-истакнува Бојан.
Настанот е закажан за 26.12.(сабота) во 21ч. 

Zlatenzab.mk
За сите коишто нема да можат да го следат настанот во живо, истиот ќе биде достапен за гледање до 31.12.20.