Галичник Филм Фестивал 2023

Сподели

 

Фестивалот прикажува разновиден избор на филмови од светската кинематографија и дава единствена можност и за етаблираните и за новите филмаџии да ги претстават своите филмови пред остроумната публика и да добијат признание за нивниот талент и креативност.
Галичник Филм Фестивал полека, но сигурно станува значајна платформа за филмаџиите и љубителите на филмот, привлекувајќи учесници и гледачи од земјата, регионот и пошироко.
 
На овогодинешниот, 4-ти по ред Галичник Филм Фестивал кој ќе се одржи од 4 до 6 август ќе бидат прикажани 33 краткометражни филмови во 3 натпреварувачки категории, како и ревијалниот долгометражен филм „Нешто слатко“ со Сашко Коцев и Јелена Јованова во главните улоги, кој ќе биде прикажан на затворањето на фестивалот.
 
Покрај филмските проекции, фестивалот е домаќин и на различни работилници, разговори и мастер класови, поттикнувајќи збогатена средина за размена на идеи и стекнување на знаења за учесниците, како и контакти меѓу професионалците од индустријата и аспиранти филмаџии.
 
Дејан Дуковски ќе ја предводи Балканската сценаристичка работилница, а на Андреј Волкашин ќе му припадне Мастер класот за разработување на ТВ серии.
 
Овогодинешното жири на Галичник Филм Фестивал го сочинуваат Сашко Коцев, Георги Унковски и Елена Станишева.
 
Ве очекуваме од 4-ти до 6-ти август во прекрасниот Галичник заедно да ја вдишеме магијата на филмот!
Поддржано од: Агенција за Филм
Главен спонзор: Халк Банка
Комуникациски партнер: Репресент Комуникации Скопје