STEVE AOKI на Црвено Бела Ноќ

Сподели

MDsteveaokimuzickinastani

 Улица Македонија, Скопје,   3 Јуни, 20:00ч

 Почитувани,

Огромно задоволствo ни е да ви го најавиме второто издание на најголемото, најспектакуларното бесплатно музичко шоу, кое во 2014 за прв пат му се случи на Скопје заедно со DASH BERLIN, ја преплави улица Македонија со насмевки, незаборавна забава, врвна музика и во знакот на црвено и бело ја сплоти Македонија на едно место… Во центарот и срцето на Скопје.

Најголемото збиднување под наслов ЦРВЕНО БЕЛА НОЌ, во организација на Општина Центар, годинава ќе се случи на 3ти јуни (Петок)и со себе ја носи една од најголемите ѕвезди на светската денс сцена, за прв пат во Македонија, драги пријатели, музичкиот великан – STEVE AOKI. 

3 Јуни и 20.00 часот ќе го означи стартот кога на Скопје ќе му се случи Ибица и заедно со море од фанови Улица Македонија ќе ја претвориме во еден огромен подиум а Градот во ултрапосакувана дестинација.

Настан достапен за сите, под отворено небо, a ветува озвучување и осветлување кои ќе соодветствуваат на светските стандарди за перфектна забава.

Огномети и ефекти како и карактеристичното Cake Show на Steve Aoki, ќе биде предизвик за најхрабрите.

Легендарниот STEVE AOKI, со повеќе од 250 настапи годишно, познат и како огромен хуманист и филантроп, во својата музичка кариера создаде многу хитови кои го закитија со бројни номинации и награди како Прво место на Dancе- Еlectronic Album in USA за албумот Neon Future 1, додека Neon Future 2 се најде на листата на Ultratop 100 albums на сите времиња.

Неговата музика која е со милионски преслушувања на YOUTUBE е дел и од филмската индустрија, а многу ремикси и нумери се во соработка со имиња од светската сцена како Dimitri Vegas & Like Mike, Afrojack, LMFAO, Linkin Park, Will.i.am, Iggy Lazaela, Lil Jon, Chris Lake и др.

Со своите настапи ги затресе подиумите на најголемите музички збиднувања ширум светот, создавајќи забава и атмосфера заради што му се доделија епитетите Best Party Rocker.

Toj e главен хедлајнер на најреномираните светски фестивали Tomorrowland и Ultra Music.

Неговото име редовно се наоѓа на листата на изведувачи на еден од најпознатите клубови на Ибица – USHUAIA.